+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Цени





Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, август 2021 година

петок, 08 октомври 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1.7 % на месечно ниво, а за 14.1 % на годишно ниво.

Во август 2021, во споредба со јули  2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.9 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %.

Во август 2021, во споредба со август 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 18.5 %, во секторот Преработувачка индустрија за 13.3 %  и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 21.3 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: [email protected] 

  




© Државен завод за статистика